Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Следната недела ОДЛУКА дали ќе продолжи мерката за ослободување од работа за хронично болните

Министерот за здравство Венко Филипче вечерва најави дека на почетокот на следната недела ќе биде донесена одлука дали ќе продолжи да важи мерката за родителите на деца кои сега се ослободени од работа и за хронично болните. На гостување во емисијата „10 минути“ на ТВ 21, министерот Филипче рече дека во следните денови за ова ќе биде отворена дискусија во Комисијата за заразни болести и оти одлука може да се очекува на почетокот на следната недела.

– Тоа беше одлука за родители на деца заради тоа што се затворија градинките и училиштата, вклучително и за луѓето кои се хронично болни за кои се уште важи мерката. Меѓутоа во следните денови ќе отвориме дискусија најпрво во Комисијата за заразени болести според проценката на ризик во сегашната ситуација на епидемијата и на почетокот на следната недела ќе донесеме одлука дали тоа ќе продолжи да важи или не. Секако дека еден од факторите што ќе се земе предвид е и отворањето на градинките. Тука зборувам за категоријата на родители на деца до 10 години чии деца ќе можат да одат во градинка. Значи, нова одлука и соодветна препорака ќе дојде на почетокот на следната недела, изјави Филипче.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...