Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ПАРТИИТЕ ДА ПОМОГНАТ бараат штедачите во Еуростандард банка

Штедачите во Еуростандард банка ќе побараат поддршка од партиите застапени во Собранието да се заложат за решавање на проблемот, но истовремено апелираат нивната мака да не се користи за меѓусебни обвинувања.

Тие вчера имаа средба со премиерот Зоран Заев, придружуван од Фатмир Битиќи, заменик на претседателот на Владата за економски прашања.

На состанокот заедно ја разгледавме ситуацијата во која ние како штедачи сме оштетени и ги споделивме нашите барања за итно решавање на овој проблем со кој што се засегнати голем број на физички и правни лица, и воедно споделивме некои од проблемите со коишто се соочуваат и ќе се соочуваат оштетените граѓани, физички и правни лица, по пропаѓањето на Еуростандард банка, доколку не се реши нашиот проблем, велат од Иницијативниот одбор на Здружението на  оштетени штедачи на Еуростандард банка.

Состанокот, како што нагласуваат, поминал во конструктивна атмосфера и Премиерот Заев ги уверил дека сите предлози ќе бидат разгледани од страна на институциите и дека ќе се бара решение се со цел да трпат последици граѓаните и фирмите.

Иницијативниот одбор ја поздравува отвореноста на премиерот Заев и на Владата со цел изнаоѓање решение на овој проблем и исто така најавуваме дека следните денови ќе побараме од сите парламентарни партии поддршка за решавање на овој  проблем во кој сме инволвирани без наша вина“, велат претставниците на штедачите. „Ги повикуваме сите политичките партии и другите релевантни субјекти да не поддржат во разрешување на нашиот проблем во најскоро можно време и да не ја користат нашата мака за меѓусебни обвинувања, туку напротив сите заедно да се ангажираат во изнаоѓање праведно решение за нас, додаваат од Иницијативниот одбор.

Исто така ги замолуваат сите заинтересирани оштетени физички и правни лица кои досега не се имаат зачленето во Здружението да пратат апликација за членство во Здружението на оштетени штедачи на ЕСБ на следната емаил адреса: [email protected] и заедно да се фокусираат на изнаоѓање решение со кое никој нема да биде оштетен, се вели во соопштението од Иницијативниот одбор на Здружението на  оштетени штедачи на Еуростандард банка.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Секој човек си има свои стравови, а секој хороскопски знак има некоја несигурност во својот карактер… Дознајте кои се најголемите стравови што ги кријат...