Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ОД СОПРУГА ВО СЕНКА ДО НАЈБОГАТА ЖЕНА НА СВЕТОТ: Безос на Мекензи и ја должи целата империја

Велат дека по разводот, сите се губитници, но тоа не може да се каже за поранешната сопруга на најбогатиот човек на светот, Џеф Безос, Мекензи Скот.

Жената која му помогна на својот поранешен сопруг да ја изгради империјата „Амазон“ тивко напредува по најскапата разводна спогодба во историјата.

Како резултат на тоа, таа денес е прогласена за најбогата жена на светот.

Првиот голем чекор по разводот се случи кога таа донираше дури 1,7 милијарди долари во добротворни цели. Тоа беше јасна изјава на некогаш срамежливата публицистка за време на нејзиниот 25-годишен брак со технолошки магнат.

Мекензи на тој начин го врати своето моминско презиме Скот, кое ја извади од сенката на Џеф Безос се додека нејзиниот поранешен сопруг доживуваше навидум јавна криза преку срамен правен скандал поради протекување на интимни фотографии.

За време на разводот, Џеф и Мекензи поделија 137 милијарди долари, а таа доби чисти 38 милијарди во форма на акции од Амазон.

Сепак, сето ова докажува дека Мекензи не била само обична сопруга која живеела на сметка на нејзиниот сопруг, туку жена која исто така придонела за растот на Амазон.

Растејќи во Сан Франциско, Мекензи е ќерка на финансиски планер и домаќинка, а го запознала Џеф уште во 1992 година кога била 23-годишна студентка на постдипломски студии.

Иако имала амбиции да стане писателка, за да преживее станала истражувач во анкетна куќа, а тогаш надлежен и станал токму Џеф Безос.

Работејќи во заедничка канцеларија, таа вели дека веднаш се заљубила во неговата насмевка. По неколку месеци излегување, тие се венчаа.

– Мислам дека сопругата му е паметна, снаодлива и многу згодна. За среќа, имав можност да ја видам нејзината биографија пред да ја запознам – изјави Безос за Вог уште во 2013 година.

Токму Мекензи беше со Џеф во 1994 година кога во автомобилот ја доби идејата за Амазон.

Првата канцеларија им беше во гаражата во Сиетл, таа беше сметководител на тогашната мала почетна компанија и помогна да се дојде до сега познатото име Амазон.

Како што компанијата растеше, желбата да стане писателка падна во заборав, покрај тоа што одгледа четири деца – три сина и ќерка посвоени од Кина. Сепак, во 2005 година, таа успеа да го објави романот „Тестирање на Лутер Олбрајт“ и во 2013 година „Замки“, работејќи од изнајмен стан во близина на нивната куќа.

Иако беше мажена за најбогатиот човек на светот и како интровертна личност, таа понекогаш го придружуваше својот сопруг на јавни настани, како што е Мет Гала во 2012 година, кога блескаше во креацијата на креаторот Хуан Карлос Обанд.

Најскапиот развод во историјата

Сепак, во јануари 2019 година, парот објави дека се разведува.Мирниот развод се претвори во медиумска афера за наводната афера на Безос со Лорен Санчез.

Санчез, која е пилот, тогаш изјави дека станала поблиска со Безос откако работеле заедно во неговата компанија Блу Ориџин, која се занимава со проектот за лет во вселената.

Медиумскиот скандал се влоши кога се откри дека Лорен е таа што ја испратила целата преписка на парот до медиумите.  И за време на сето ова, Мекензи молчеше и не даваше изјави за медиумите.

Мекензи храбро чекори напред и останува да видиме кој всушност ќе жали за разводот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.