Шеиците од ОАЕ, поточно од Абу Даби, кои се сопственици на Манчестер Сити, поседуваат заедно со “граѓаните“, вкупно десет фудбалски клубови ширум светот. Најнова аквизиција е францускиот клуб Троа, а компанијата од Абу Даби која вече станала мнозински акционер. Покрај нив дел од акциите ќе поседува и францискиот бизнисмен Максим Раи. Инаку Троа е клуб кој се натпреварува во Лига 2.
Феран Сориано, извршниот директор на Манчестер Сити изјави:
“Веќе некое време имаме интерес за францускиот фудбал, а посебно за Троа“.
Па така сега пребогатите шеици од ОАЕ ги поседуваат Манчестер Сити, Гирона, Троа, Ломел, Њујорк Сити, Мелбурн Сити, како и клубови од Индија, Јапонија, Кина и Уругвај.