Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

На денешен ден е формирана најстарата република во светот

Сан Марино или официјално Република Сан Марино е држава на Апенинскиот Полуостров во јужниот дел на Европа. Сан Марино е држава без излез на море и е енклава во Италија, односно целосно е опколена со италијанска територија. Вкупната површина на Сан Марино изнесува 61 километар квадратен и има население од околу 30.000 жители. Главениот град на државата го носи истото име, односно град Сан Марино. Сан Марино е една од најмалите независни држави во Европа и има најмалку жители од сите членки на Советот на Европа.

Сан Марино тврди дека е најстара документирана независна уставна република во светот. Независноста на Сан Марино започнала со основање на манастирска заедница предводена од Свети Марин на 3 септември 301 година. Марин го напуштил Раб, тогашна римска покраина на Арба, во 257 година кога тогашниот иден император Диоклецијан издал декрет за реконструкција на градските ѕидини на Римини кои претходно биле уништени од лубурниските пирати.

Уставот на Сан Марино е усвоен во 1600 година и е најстар устав кој е сè уште на сила. Економијата на државата воглавно зависи од туризмот. Поради малобројноста на населението, Сан Марино е една од најбогатите држави во светот според БНП по глава на жител. Економскиот статус на Сан Марино се смета за доста стабилен, без национални задолжувања и буџетски недостатоци

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...