Селекторот на младинската репрезентација на Македонија Благоја Милевски посочи дека неговите избраници одиграле одлично и добро се носеле против шпанските фудбалери кои се стандардни во најдобрите шпански клубови.
„Нашата примарна работа е да селектираме и да правиме фудбалери-репрезентативци кои во иднина ќе бидат дел од А репрезентацијата. Поголем дел од играчите вечерва покажаа дека и тоа како може да се смета на нив во иднина и тоа е нашата примарна работа. Што се однесува до нашата група се е отворено до крај, пред квалификациите Шпанија беше фаворит и тоа сега и бодовно го покажува но според она што го покажа против нас, односно ние што го покажавме против екипа составена од играчи кои се стандардни во најдобрите шпански клубови немам што друго да кажам освен секоја чест на моите момци“, вели Милевски.