Премиерот Зоран Заев на Фејсбук сподели информации од брифингот со амбасадорите ви ги пренесуваме во целост.
Приоритетите на нашата Влада се процесите за приклучување кон ЕУ. На брифингот со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија во Република Северна Македонија, пренесов дека продолжуваме уште подобро и уште похрабро во овој четиригодишен мандат.
Изминатиот мандат Владата направи комплетен пресврт во надворешната политика на земјата – решавање на децениските спорови со соседите, членство во НАТО и отпочнат процес за приклучување кон ЕУ.
Овој мандат ќе биде посветен кон темелни реформи на целото општество. Ќе останеме целосно фокусирани на реформите во правосудството, градење на нова трансформирана економија, заштита на животната средина и подобрување на животниот стандард на сите категории на граѓани во нашата земја.
Имаме план за отворање на 80% од поглавјата до 2024, да доизградиме силна преговарачка структура и креирање на буџетски програми за преговорите со ЕУ.