Морничава глетка денес затекнала германската полиција која во стан пронашла тела на пет деца во градот Солинген. Билд јавува дека децата ги убила мајката која подоцна се фрлила под воз и со тешки повреди веднаш е префрлена во болница.
Шестото нејзино дете, 11-годишен син, пронајден е неповреден во станот на неговата баба. Убиените деца пак биле меѓу 1 и 8 години (1, 2, 3, 6 и 8 години).
Полицијата соопштила неколку детали за овој случај, но без податоци за причината на смртта на децата. Бројни полициски сили се на терен и истрагата е во тек. Случајот го пријавила бабата на децата, која пријавила дека нејзината 27-годишна ќерка убила пет од своите деца.