Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Градовите кои не се справуваат со немирите во САД, НЕМА ДА ДОБИВААТ ДРЖАВНИ ПАРИ

Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша меморандум со кој се запира финансирањето на градовите од федералниот буџет, кои според мислењето на федералните власти не се борат доволно против немирите.

– Мојата администрација нема да дозволи  финансирање на градови кои доброволно се деградираа во беззаконски зони, се вели во документот.

Познато е дека овие мерки ќе влијаат на Сиетл, Портланд, Њујорк и Вашингтон. Целосниот список на „зоните на анархија“ треба да го објави државниот обвинител.

Белата куќа ќе треба да одлучи за две недели како министрите ќе доставуваат извештаи за финансирање на градовите, а за еден месец ќе треба да размисли за механизмот за лишување од финансиска помош.

– Во текот на последните неколку месеци, некои државни и локални власти придонесоа за насилство и вандализам во нивните јурисдикции, со неспроведување закони, лишување на полициска администрација од овластување или значително финансирање и одбивање да го прифатат предлогот на федералната полиција за помош – се вели во меморандумот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...