Челзи од следната недела ќе го има на располагање и германскиот фудбалер Каи Хаверц. Наводно „сините“ веќе постигнале договор околу ангажманот на германскиот репрезентативец, кој следната недела и официјално ќе биде промовиран.
Според најавите, целиот трансфер би чинел 100 милиони евра, но Челзи исто така се согласил да пушти на позајмица една сезона еден свој играч. Станува збор за штотуку потпишаниот Маланг Сар. Стоперот би требало целата идна сезона да ја мине во Леверкузен, за да биде остварен овој трансфер.
Сар пред неколку дена потпиша со „Сините“.