8 C
Skopje
среда, април 14, 2021
spot_img

Георгиевски пред полуфиналето со ППД Загреб: Очекувам голема борба, се надевам на финале

Петкратниот освојувач на СЕХА лигата, екипата на Вардар, утре ја очекува деветтиот настап на завршните турнири од регионалното натпреварување. Во пресрет на дуелот со ППД Загреб, своите очекување за полуфиналето ги искажа и новото засилување за „црвено-црните“, Гоце Георгиевски.

„Реално ние сме нова екипа, меѓу кои и јас. Секогаш е тешко за екипата и за тренерот да се вкомпонираме на стартот на сезоната. Секој ќе си ја добие својата шанса, а најважно е за тимот да игра што покомпактно. Треба време, но како што минува периодов играме се подобро. Загреб ни е добро познат противник, иако имаат малда екипа и нов тренер. Очекувам голема борба, се игра без публика и ќе биде како на неутрален терен и за двата тима. Се надевам на финале. Овој слаб старт не мора да значи ништо, бидејќи сезоната е долга, а има време да се наместат коцките“, вели крилото на бранителот на титулата од минатата сезона.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести