Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Бројот на заболени се уште трицифрен – ОВА СЕ ОПШТИНИТЕ СО НАЈГОЛЕМ БРОЈ НА АКТИВНИ СЛУЧАИ

Нови 145 случаи со Ковид-19 од 1.772 тестирања беа евидентирани во вчерашниот извештај на Министерството за здравство за изминати 24 часа. Починати се двајца пациенти од Дебар (67 г.) и Струга (48 г.). Регистрирани се 216 оздравени пациенти.

Вкупниот број Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14.600, бројот на оздравени пациенти е 11.741, на починати е 606, а во моментов вкупниот број активни случаи изнесува 2.253. Од вкупниот број активни случаи во Скопје има 757, во Куманово 300, во Гостивар 174, во Прилеп 125, во Штип и во Тетово по 114,

Досега во земјава се направени вкупно 151.706 тестирања на Ковид -19.

На Инфективната клиника примени се шест пациенти. Вкупно се хоспитализирани 77 пациенти од кои на кислородна поддршка се 45, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, четири позитивни деца, три мајки и четири деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се четири пациенти. Вкупно хоспитализирани се 29 пациенти од кои на респираторна машина е еден пациент

Во болницата во Битола се хоспитализирани 11, а во болницата во Штип се хоспитализирани 50 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 110 , позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Активни случаи по општини во Скопје има во Чаир – 94, Аеродром – 94, Кисела Вода – 91, Гази Баба – 87, Центар – 83, Карпош – 81, Бутел – 53, Ѓорче Петров – 44, Шуто Оризари – 29, Студеничани – 26, Сарај – 22, Арачиново – 13, Илинден – 12, Петровец – 8, Сопиште – 6, Чучер Сандево – 3, Зелениково – 2, а девет се странци.

Министерот за здравство Венко Филипче оцени дека состојбата со Ковид-19 во државава е стабилна, вклучително и состојбата со болниците, каде секаде има слободни болнички капацитети.

– ГОБ „8 Септември“ и болницата Козле постепено се враќаат на редовно хоспитализирање, преку системот „МојТермин“ и секаде има слободни болнички капацитети. Слободни кревети има и на Инфективната клиника. Од случаите во изминатата недела, хоспитализирани биле вкупно 71 од новозаболените, што е намалување од 40,3 отсто во однос со претходната недела, додаде Филипче

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...