Иако беше посакуван од многу клубови како Фенербахче, Бешикташ и некои италијански прволигаш, Ненад Бјелица на крајот би можел да се врати во хрватскиот фудбал, и тоа во – Осиек.
Хрватските медиуми објавуваат дека ноќеска Бјелица прифатил да биде тренер во Осиек, тим кој има сериозни амбиции сезонава, откако се засили со неколку добри и проверени имиња.
Бјелица до неодамна беше дел од Динамо, со тој клуб играше одличен фудбал, направи успех во Европа, меѓутоа пред неколку месеци сосема неочекувано доби отказ од страна на раководството.
Па така, ако е ова вистина, тогаш ќе има веднаш можност за одмазда.