Популарната пејачка Наташа Беквалац ноќта помеѓу 2 и 3 септември имаше настап на сплавот „Порт“ во Белград, а од нејзиниот изглед сите останаа подзинати.
Убавата Ната се скоцка од глава до пети, а нејзината провокативна комбинација го истакна нејзиниот сексапил, па летаа комплименти и од мажите, но и од жените.

Сите ја забележаа волшебната фигура и долгите нозе на Наташа, а со својот изглед мамеше воздишки на присутните, кои не можеа да го тргнат погледот од нејзиното тело.

Пејачката уште еднаш покажа зошто важи за една од најпосакуваните дами на естдрадата, и нема сомнеж дека покрај музиката, сите уживаа во изгледот на Наташа Беквалац.
