Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Американски центар за финансиски услуги – ОВА СЕ НАЈЧЕСТИТЕ ИЗМАМИ ЗА КОВИД-19

За време на пандемијава, на многу луѓе им стигаат писма „за жртвите на Ковид-19“, предлози за донации за развој на вакцини, па дури и понуди за купување лек за вирусот… Американскиот Национален центар за финансиски услуги предупредува дека голем дел од сѐ тоа се измами.

Според стручњаци од Центарот, еден од најпопуларните методи за повлекување пари е шемата за испраќање пораки за надомест на штета на луѓе кои, наводно се заразиле со коронавирусот.

Тоа може да биде испратена порака со линк на некоја од социјалните мрежи… Или пак, повик на телефон дека сте добиле компензација во врска со пандемијата. Многу луѓе ја следат врската во пораката без размислување, или пак, веднаш почнуваат да се јавуваат на дадениот телефонски број, па губат пари и без да знаат за тоа. Владини службеници не испраќаат СМС-пораки и не се јавуваат ако имате право на надомест – тие информации може да ги добиете само ако самите им се јавите, велат од центарот.

Друг вид измама се оние повици за дарување пари за развој на вакцина против коронавирусот… Имало и лажни понуди за платен тест за Ковид-19, за дезинфекција на станот од вирусот, за работа во ова време на корона-криза и слични…

Сите овие понуди имаат нешто заедничко – ќе ви биде понуден линк, каде што ќе биде побарано да внесете лични податоци. Тоа значи ризик вашите средства, се вели во извештајот.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...