Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Али Ахмети ВЧЕРА СВЕДОЧЕШЕ 9 ЧАСА – Денеска продолжува распитот во „Судот за ОВК“

Во седиштето на ЕУЛЕКС во Приштина денеска, според практиката на Специјалното обвинителство на која се повикуваат косовските медиуми, би требало да продолжи распитот на претседателот на ДУИ Али Ахмети.

Првиот распит на Ахмети започна вчера во 9.30 и траеше до 18 часот, кога тој го напушти седиштето на ЕУЛЕКС, при што не даде изјава за медиумите. Досега нема никакви информации во  врска со распитот, ниту од Ахмети, ниту пак од меѓународните истражни органи пред кои тој даде изјава.

Ахмети кога ја доби поканата од Судот изјави дека бил повикан на распит во својство на сведок, како еден од членовите на Ослободителната војска на Косово (ОВК) уште од нејзиното основање и активен учесник во косовската војна во 1998-99 година. Според Организацијата на ветерани на ОВК, над 250 поранешни припадници на ОВК биле сослушани пред Специјалното обвинителство во Хаг како осомничени или сведоци.

Специјализираните комори за Косово,  кој во косовската јавност е познат како „Суд за ОВК“, го водат меѓународни обвинители и судии.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...