2.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Јувентус има понуда за Луис Суарез која не се одбива

Јувентус е новиот фаворит за потписот на Луис Суарез. И покрај најавите дека Уругваецот е најблиску до МЛС лигата, италијанскиот новинар Николо Шира, вели дека „Старата Дама“ има понуда за 33-годишниот голгетер кој нема да ја одбие.

Торинскиот гигант е подготвен да склучи тригодишен договор со досегашениот напаѓач на Барселона со плата од 10 милиони евра годишно, плус бонуси. Според изворот, преговорите меѓу Јувентус и напаѓачот се во напредна фаза, иако за Суарез беа заинтересирани и ПСЖ и Ајакс, а најдобра понуда му даде Интер Мајами на Дејвид Бекам.

sportmedia.mk

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести