5.8 C
Skopje
петок, јануари 13, 2023

УАПСЕНА СОРАБОТНИЧКА НА МИЛО ЃУКАНОВИЌ ЗАРАДИ КРАЖБА НА ГЛАСОВИ (ДЕТАЛИ)

Милена Орландиќ, која во име на Демократската партија на социјалистите извршила увид во изборниот материјал на општинската изборна комисија во Подгорица, е уапсена и задржана во полиција, потврдено е во ОДТ Подгорица.

Како што беше објавено денес, таа се обидела да отстрани два контролни купони на избирачките места, за да не се совпаднат со бројот на гласачките ливчиња.

– Државниот обвинител во Основното државно обвинителство во Подгорица дал наредба лицето М.О. лишена од слобода поради основано сомнение дека сторила кривично дело уништување на материјали за гласање и е однесена на распит кај државниот обвинител – изјави портпаролот на ОДТ Подгорица, обвинителката Милица Мандиќ.

По сослушувањето, ќе се одлучува за притвор.

Читај Следно

spot_img
10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести

spot_img