Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Се организираше забава на средношколци без почитување на протоколи – ЗАТВОРЕН НЕРЕГИСТРИРАНИОТ ЛОКАЛ ВО „БИСЕР“

Видео од забава без протоколи, која се одржала синоќа во кафуле во трговскиот центар „Бисер“ во скопски Аеродром, од утрово покрена лавина реакции на социјалните мрежи.

Како што може да се види на видеото, на забавата присуствувале голем број млади лица, без да ја почитуваат мерката за социјална дистанца. Во еден дел од видеото се гледа и како младите меѓусебе делат наргиле.

Со случајот е запознаен и Пазарниот инспекторат, од каде што велат дека настанот го пријавиле совесни граѓани, 15-ина минути пред полноќ. За помалку од половина час, велат оттаму, најблиската екипа инспектори се упатила во локалот и констатирала низа неправилности.

Било констатирано дека локалот е сè уште нерегистриран, а било пречекорено и работното време, кое од 1 септември (освен во петок и сабота кога е до 1 часот) е до полноќ.

Директорот на Пазарниот инспекторат, Стојко Пауновски, за „360 степени“ вели дека инспекторите направиле записник, ќе биде поднесена прекршочна пријава и ќе има забрана за работа до 30 дена.

За непочитување на протоколите, пак, со оглед дека локалот е сè уште нерегистриран, ќе биде поднесено барање до МВР да постапува понатаму.

Ова не е единственото прекршување на протоколите за заштита од ковид-19. Од Инспекторатот велат дека имаат и повеќе „поситни“ случаи, кога локалите не се придржуваат до нив, како што недоволно растојание на масите. Во голем дел од случаите, како што велат, пишуваат само опомени.

Меѓутоа, она што исто така претставува проблем се свадбите и други семејни веселби, кои се организираат во приватна режија во дворови, а инспекторатот не може да реагира бидејќи нема надлежност, па мора да се повикува полицијата.

Од тие причини, од Пазарниот инспекторат велат дека денеска побарале од Комисијата за заразни болести да направи одредени протоколи за одржувањето на ваквите настани за тие да може да се организираат во локали, со цел да може да бидат контролирани дали се почитуваат мерки.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...