Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

НЕФИ И БРАТ МУ ОСТАНУВААТ ВО ПРИТВОР, Апелација Битола не ја прифати гаранцијата

Апелацискиот суд во Битола го поништи решението на Основниот суд Охрид за прифаќање на гаранцијата од 30.000 евра на Нефи Усеини и неговиот брат да се бранат од слобода па и двајцата остануваат во притвор.

Решението со кое беше прифатена гаранцијата е укинато и предметот повторно е вратен на одлучување во Охрид, информираат од битолскиот Апелациски суд каде обвинителството се жалеше откако судот во Охрид ја прифати гаранцијата.

Притворот од осум дена на браќата Усеини истекува утре. Откако неколку дена браќата беа недостапни за полицијата, на 26 август сами се пријавија и беа притворени.

Против нив се води истрага за насилство и за недозволено држење оружје откако охриѓанецот Спирко Топалоски пријави дека го нападнале, а во нападот полицијата утврди дека користеле и пиштол. Во меѓувреме Топалоски го смени исказот велејќи дека не бил нападнат.

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...