Пејачката Романа Паниќ беше уапсена и доби казна затвор во Австралија заради кражба на банкомати, а, откако издржа две третини од казната, таа беше депортирана во Србија. Сето тоа крена голема фама во медиумите, речиси да не постои лице од естрадата кое не се произнесе, а очигледно коментарите не стивнуваат ниту сега откако веќе неколку денови таа е доба. Старлетата Станија Добројевиќ не издржа па и таа има коментар за случајот што ја запрепасти Србија.
– Жал ми е што Романа помина низ тоа. Америка и Австралија имаат добар стандард и најлесно е да украдете нешто или ограбите банкомат, но што кога ќе ве фатат? – праша Станија, која со години живее и работи во САД.

– Да те депортираат и да ти забранат влез? Да не го спомнувам американскиот затвор … Законот е ригорозен и затоа секогаш им повторувам на нашите студенти кои доаѓаат во Америка летото да работат и да не си играат со животот – додаде Добројевиќ
– Кој работи чесно, може многу добро да заработи таму, да има дом, автомобил, да патува, заврши Станија
