Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

За разлика од Македонија, ВО СРБИЈА УЧЕБНАТА ГОДИНА ПОЧНА НАВРЕМЕ – ЕВЕ КАКО ИЗГЛЕДА

Во Србија за разлика од Македонија , учебната година почна навреме. Се организира под посебни услови поради епидемиолошката состојба, со помалку ученици во училница и почитување на препорачаните мерки за борба против ширењето на Ковид-19.

Во гимназијата во Чачак средношколците ја започнаа учебната година на отворено, а училишните клупи беа распоредени и на училишната бина.

Како што претходно изјави министерот за образование, Младен Шарчевиќ, поради спроведување на мерките во училиштата се зајакнати дежурствата, учениците ќе мора да носат маски и да одржуваат растојание, а училниците почесто да се дезинфицираат.

Наведувајќи дека 97 проценти од родителите во Србија се изјасниле нивните деца да одат на училиште, Шарчевиќ објасни дека во 38 проценти од училиштата во Србија, пред сè помалите рурални и малцински училишта, одделенијата нема да има потреба да се делат во групи до 15 ученици со цел примена на епидемиолошки мерки.

Наставата во училиштата во Србија беше прекината во средината на март кога беше прогласена вонредна состојба поради епидемијата на коронавирусот.

најчитани вести

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Интернет просторот е преплавен со разно-разни огласи, наградни игри, онлајн продажби… Се продава се, ама баш се – од игла до локомотива. Што, секако, не...