Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски ПОЗИТИВЕН НА КОРОНАВИРУС

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, објави дека е позитивен на корона вирус.

Почитувани пријатели, роднини и сограѓани, ве информирам дека по појавата на втор позитивен случај на ковид-19 во редовите на општинската администрација, вчера на сопствена иницијатива направив тест, кој е позитивен.

За таа цел во следниот период се повлекувам во домашна изолација.

Во исто време сите вработени од денес 02.09 до 09.09.2020 ќе бидат ослободени од работните обврски, а општината нема да работи освен за итни и неодложни потреби.

Екипи на Јавно Здравје веќе прават целосна дезинфекција на работните простории и возниот парк. Никој не е имун! Носете заштита и почитувајте ги препораките на Комисијата за здравство“-порача Мицевски.

Во Крива Паланка деновиве има зголемен број на заразени од Ковид 19.

Досега во овој град се регистрирани 48 случаи на Ковид 19, а активни се уште 13.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...