Артур Мело денеска беше промовиран во дресот на Јувентус, и претставен пред новинарите. Играчот кој доаѓа од Барселона, се чини го прави тоа во вистинско време, со оглед дека на каталонците им се заканува „хаос“ по објавата дека Меси ќе си замине.
Токму Артур го „пецна“ и Меси на денешното претставување.
„Среќен сум што ќе бидам дел од Јувентус. Ова е за мене важен ден. Имам привилегија да играм со големи играчи, и се разбира со еден од најголемите на сите времиња Кристијано Роналдо“, рече Артур.