Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Александар Николоски во поход по тронот во ВМРО ДПМНЕ!?

Актуелниот потпретседател на ВМРО ДПМНЕ, Александар Николоски е најсериозниот кандидат од актуелното раководство за да го наследи Христијан Мицкоски на претседателската позиција. Според извори од партијата, тимови под команда на Николовски веќе крстарат по општинските комитети со примарна задача да го опипаат пулсот на членството за останување на Мицкоски на чело на ВМРО ДПМНЕ, но веднаш потоа следи и лобирањето за наследник на претседателската функција.

Александар Николоски веќе ги има преземено носечките столбови на партијата од Христијан Мицкоски. Актуелни функционери коментираат дека Николоски ја има под себе разузнувачката структура која функционираше додека Претседателот Ѓорге Иванов ја имаше под контрола Агенцијата за разузнавање. Николовски исто така ги контролира и медиумите блиски до партијата, а неговиот збор е последен и при кадровската политика бидејќи јавна тајна е дека тој преку партиски линкови ги обезбедува финансиите. Под контрола на Николоски , исто така е и меѓународната соработка на партијата, а во моментов е во подобра позиција од Мицкоски и заради тоа што е пратеник и ужива имунитет што му овозможува комоција во однос на најавите дека е можно да се отвараат истраги околу евентуални злоупотреби.

Затоа не треба да зачудува фактот што Николовски е тој што ги најавува и промовира партиските политики, а Мицкоски е тој што го следи, наместо обратно. Така уште викендов, при дискусиите за избор на влада во собранието , Николоски најави масовни демонстрации на есен, а Мицкоски како портпарол на партијата, ја повтори неговата дискусија два дена подоцна.

Единствен хендикеп на Николоски, според нашите извори е тоа што не ужива популарност меѓу членството и прашање е како би поминал на конгрес. Сепак последните случувања говорат дека позицијата на Мицкоски е уште поразнишана штом и најблиските соработници одлучуваат со време да влезат во трката за избор на нов претседател.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...