Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Филипче: Состојбата со коронавирусот е стабилна од епидемиолошки аспект

Според последниот извештај на Институтот за јавно здравје – Скопје, во периодот од 24 до 30 август годинава направени се 9.944 тестови за коронавирусот, а регистрирани нови 666 позитивни случаи во 29 градови низ земјава што престваува намалување од 20,6 отсто во однос на претходната недела. Најголем дел од регистрираните случаи се во Скопје, 209. Ова денеска на прес-конференција го соопшти министерот за здравство Венко Филипче.

-Во истиот период во 23 градови, односно седум повеќе во однос на претходната недела, бројот на новодијагностицирани е под 20. Процентот на позитивни тестирани од вкупниот број тестови 6,7 отсто, што е намалување од 0,8 отсто во однос на претходната недела и е задржан овој тренд на намалување на процентот на позитивни, рече Филипче.

Тој информира дека од случаите во изминатата недела, хоспитализирани се вкупно 71 што е намалување од 40,3 отсто во однос на претходната недела. Овој тренд се прати во сите болнички институции каде се лекуваат овие пациенти.

Филипче информира дека уште неколку возрасни паценти се останати во болницата Козле, која повторно во следниот период ќе биде наменета само за лекување на деца. Во ГОБ „8 Септември“-Скопје има значајно намалување на бројот на хоспитализрани пациенти или околу 30, што дозволува постепено да се врати нормалното функцирање на болницата, преку системот „Мој термин“.

Министерот за здравство соопшти дека пријавени се 35 смртни случаи од 13 градови. Од нив 29 имале познати коморбидитети.

– Во таа смисла од епидемиолошки аспект можам да кажам дека состојбата е стабилна, вклучително и во во врска со состојбата во болниците, потенцира Филипче.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.