Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ОК ВМРО ДПМНЕ СТРУМИЦА: ВМРО-ДПМНЕ мора да им се врати на победите, затоа мора да се смени врвот!

Интегрален текст од изјава на Десанка Илиевска,  член на ОК ВМРО-ДПМНЕ од Струмица

„Зоран Заев по втор пат стaна премиер. Зоран Заев кој беше критикуван дека го сменил името, дека дозволил двојазичност или дека склучил штетен договор со Бугарија, повторно ќе ја води владата.

Зоран Заев кој беше критикуван дека не направил ништо за земјоделците и дека тоне во корупција, ќе има контрола и врз извршната и врз законодавната власт. Критики за неговите неисполнети ветувања во Струмица имаше многу. За жал на крај во Струмица, Заев не победи со разлика од скоро 50%. СДСМ освои  над 14,5 илјади гласови, а ВМРО-ДПМНЕ над 10,5 илјади. Катастрофата што се случи е факт. ВМРО не победи во Струмица, иако раководството прогласуваше победа. Бевме поразени и тоа не заради лошото владеење на Заев и СДСМ. Тоа го знаеја сите. Бевме поразени заради тоа што струмичани не препознаа соодветна политичка понуда од наша страна. Имавме и лошо скроени кандидатски листи и непрепознатлива програма. Раководството на партијата ниту ја слушаше, ниту ја консултираше базата. Исто така и базата не добиваше соодветни насоки за работа од раководството.

Се на се, целосна некоординација и дисфункционалност во работењето.Комитетот не работи како што треба, а односите внатре не се на потребното ниво. За ваквата состојба мора да има одговорност. Одговорни не се членовите на месните комитети или општинскиот. Одговорно е највисокото раководство. ВМРО-ДПМНЕ мора да им се врати на победите. Затоа мора да се смени врвот. Ние како членови од Општинскиот комитет Струмица се приклучуваме на барањето на останатите општински комитети и иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес и избор на ново раководство. Само со ново раководство може да се надеваме дека ќе ја вратиме довербата на граѓаните и на тој начин да добиеме шанса да им помогнеме и на нив и на државата.

најчитани вести

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Свет

Петнаесет азиско-пацифички земји формираа најголем трговски сојуз во светот. Тоа се случи под покровителство на Кина и без учество на Соединетите држави, кои ги...

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...