Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

МЕСЕЧЕН ХОРОСКОП: Што ве очекува на деловен и љубовен план во септември?

Денеска почнува септември. Што ве очекува на деловен и љубовен план овој месец?

ОВЕН
Овој месец ве очекув промена на вашите чувства околу некои некои нешта кои порано ви биле доста важни. Сега е вистинско време да размислите подобро околу тоа во што ќе ја вложувате вашата енергија и ќе се посветите максилно. Поврзувањето со другите ќе ви даде можност да ги разјасните нештата околу кои се двоумите. Останете отворени. Дајте си себеси простор за креативност. Барајте начини на кои ќе можете да ја поттикнете позитивноста во вас а тоа ќе влијае и на другите околу вас. Вашата дарежливост ќе ви биде возвратена десеткратно.

БИК
Овој месец ќе бидат поставени под лупа вашите односи со пријателите и саканиот. Ќе чувствувате грижа на совест поради тоа што сте повеќе насочени кон работата наместо кон врските во вашиот живот, време е да ја промените оваа ситуација и да го поправите односот. Останете автентични. Во меѓувреме ќе добиете зелено светло околу некој ваш проект, но немојте да избрзувате и да откривате се одеднаш. Воздржете се. Побарајте помош, тоа ќе ви биде од корист.

БЛИЗНАЦИ
Овој месец ве очекува брилијатен напредок во вашата кариера, а некои Близнаци ќе добијат нова можност за подобра работа. Ќе имате можност да ги остварите вашите цели со помош на вашата упорност. Овој месец дадете се од себе, следете го своето срце и слушајте ја вашата интуиција. Останете самоуверени и ве очекуваат прекрасни мигови.

РАК
Ќе треба да направите искрена проценка околу вашите врски. Иако ова не е иделаен месец за да се насочите кон исполнување на сите ваши планови, периодот е поволен за се посветите на себеси и тоа што всушност очекувате од себеси. Учењето нова вештина ќе ви биде од помош.

ЛАВ
Имате големи соништа кои сакате да ги исполните, но воој месец нивното исполнување ќе зависи само од тоа како вие се гледате себеси. Наместо да се фокусирате на супстанцијата, почнете да мислите на нештата околу себе. Ќе имате моќ да остварите многу нешта. Запомнете, ако нешто не е наменето за вас, не требате да бидете упорни во неговото реализирање.

ДЕВИЦА
Овој месец ве очекуваат турбулентни моменти на љубовен план, ќе треба да размислите добро за тоа дали личноста која е покрај вас вистински го заслужува тоа. Време е да се посветите на себеси и да го земите вашиот живот во свои раце. Немојте да испуштате нити една прилика. Игнорирајте ја несигурноста и фокусирајте се на она кое го сакате.

ВАГА
Овој месец фокусирајте се на вашата благосостојба, посветете внимание на вашето тело и дух. Ако чувствувате одреден стрес кога е во прашање некоја емотивна врска, време е да поразговарате отворено околу тоа. Овој месец очекувајте да бидете преплавени од работа а тоа ќе влијае на вашиот социјаленн живот. Ќе мечтаете за слободно време кое ќе го поминувате сами со себе.Ви претстојат мигови во кои ќе заблескате во центарот на вниманието.

ШКОРПИЈА
Овој месец некои Шкорпии конечно ќе добијат признание за својот талент и некои проекти во кои вложиле голем труд, ќе бидете наградени и пофалени. Наместо веднаш да го планирате вашиот следен чекор, издвојте малку време за себе, заслужувате одмор после целиот напор кој го вложивте. Доколку сте имале некои проблеми во минатото, овој месец конечно ќе дојде до нивно разрешување.

СТРЕЛЕЦ
Овој месец морате конечно да донесете одлука околу некоја работа која го засега вашето семејство или домот. Тоа ќе ви помогне да остварите некоја цел која долго време се развлекува. Пред да превземете важни чекори на деловен план, размислете добро и немојте да бидете мотивирани од барањето на признание од другите, планирајте тактички.

ЈАРЕЦ
Во почетокот на месецот ќе ве очекуваат некои промени на работното место. Ќе морате да направите компромис со вашите колеги околу балансирањето. Плановите на љубовен план ќе течат онака како што сте замислиле. Некој околу вас гаи чувства за вас но вие не го забележувате тоа. Финансиската ситуација ви се подобрува.

ВОДОЛИЈА
Овој месец ќе бидете доста друштвени и на сите ќе им биде лесно да стапат во контакт со вас. Ќе ве привлечи личност за која порано не сте сметале дека е ваш тип. Се чувствувате подготвени за нови чекори на деловен план, имате доволно сила да ги остварите сите замисли. Ве очекува потпишување на нови договори.

РИБИ
Овој месец нема да сакате да се откажете од вашите цели и колку некои од нив да делуваат недостижни. Ќе чекорите самоуверено и храбро кон победа. Кога ќе наидете на некоја препрека знајте дека секогаш можете да сметате на поддршката и помошта од вашите пријатели и семејството. Ќе треба да донесите некоја одлука на љубовно поле околу која вашиот партнер нема да го дели истото мислење. Внимавајте на храната која ја конзумирате.

најчитани вести

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.

Спорт

Вардар е во големото финале на СЕХА – лигата!!! Oткако многумина ги прежалија, Ристовски е јунакот на Вардар, кој одбрани неколку супер топки и...