Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

ИНИЦИЈАТИВЕН ОДБОР ЗА ВОНРЕДЕН КОНГРЕС: ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на победите само доколку Мицкоски си поднесе оставка!

Единственото кадровско освежување кое што во моментов е неопходно и може да му донесе корист на ВМРО-ДПМНЕ е оставката на Претседателот Христијан Мицкоски и закажувањето на вонреден конгрес за избор на ново раководство, велат во соопштение од Иницијативниот одбор за свикување на вонреден конгрес.

„ Се друго е само обид за дефокусирање од вистинскиот виновник за изборните порази во низа. Претседателот Христијан Мицкоски е лично одговорен за тоа што од вчера Зоран Заев по втор пат стана премиер. Додека вчера членството на ВМРО-ДПМНЕ разочарано гледаше како функционерите на СДСМ си ги примопредаваат кабинетите , Претседателот Мицкоски прославуваше уште една победа , која овој пат ја нарече „почеток на крајот“ на СДСМ.

Ваквото живеење во стаклено звоно, ВМРО-ДПМНЕ го носи во амбис. Мицкоски веќе нема контакт со реалноста и мора да си замине и да престане да нанесува непоправлива штета на партијата. Не смее да се чека да се загубат и следните локални избори по кои Мицкоски ќе прогласи „финале на падот на СДСМ“.

Ниту Мицкоски, ниту Извршниот комитет со истечен мандат немаат легитимитет да вршат кадровски промени во партиската структура. Јасно е дека кадровските решенија се со една единствена цел, а тоа е Мицкоски да си купи привиден мир и поддршка, но во реалноста, тие уште повеќе го дистанцираат од членството.

ВМРО-ДПМНЕ со Мицкоски е на губитнички пат. ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на победите само доколку Мицкоски го одржи зборот и си поднесе оставка по неуспесите да победи на избори и да формира влада. Време е на Вонреден конгрес да се избере ново раководство кое ќе има углед меѓу народот и ќе ја врати довербата на граѓаните“ се вели во соопштението на иницијаторите.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.