Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Израел и Хамас се договориле да стават крај на конфликтот во Газа

Палестинските милитантни групи и израелските власти постигнаа догворо да стават крај на повеќенеделната ескалација на конфликтот на границата меѓу Израел и Појасот Газа.

Палестински претставник запознаен со преговорите потврдува дека според договорот, постигнат со помош на катарски претставник, групата Хамас, која владее во Појасот Газа, ќе престане да испраќа запаливи балони на територијата на Израел, додека израелските власти ќе престанат со воздушните напади.

КОГАТ, телото на израелското Министерство за одбрана надлежно за палестинските цивилни прашања, потврдува дека по консултациите предводени од министерот за одбрана Бени Ганц, било решено повторно отворање на главниот премин за стока во Појасот Газа и оти на рибарите повторно ќе им биде дозволено да работат, на простор до 15 наутички милји. КОГАТ во соопштението наведува дека овие одлуки се донесени како дел од продолжувањето на работата за постигнување мир и стабилност, но предупреди дека доколку Хамас го прекрши договорот, Израел соодветно ќе одговори.

Хамас соопшти дека договорот ќе го олесни спроведувањето на проектите „кои ќе им служат на луѓето во Газа и ќе ги ублажат страдањата во екот на епидемијата на корона вирусот“.

Палестинците и хуманитарните групи повикаа на ублажување на блокадата на појасот Газа, стравувајќи од влошување на состојбата по појавата на корона вирусот минатата недела. Израел наведува дека ограничувањата се неопходни од безбедносни причини, поради групата Хамас, која ја смета за терористичка организација.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...