Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Засадиле цвеќиња да ја разубават улицата, СЕГА ТРЕБА ДА ПЛАТАТ КАЗНА (ФОТО)

Веднаш по земјотресот, повеќето од жителите на Загреб беа изненадени од невообичаена глетка на улицата Прерадовичева. Меѓу крановите, скелињата и прашината, се појави мала зелена оаза, прекрасно уредена градина на зелена површина пред зграда.

Станува збор за герилска акција како еден вид терапија по земјотресот. Авторите се станарите Мартина и Борис, кои потоа дознале дека на сите не им се допаѓа нивната постапка.

Комуналните редари испратиле бизарен извештај и побарале реакција за случајот, а пристигнала и парична казна за сторен прекршок.

 И двајцата одбиле да ја платат сумата од 350 куни, па сега, како што пренесува Телеграм, добиле официјална казна. Поединечно, тие треба да платат казна од 700 куни и уште 200 куни за трошоците на постапката. Вкупно 900 куни..

Во образложението на одлуката се вели дека „при утврдување на висината на паричната казна биле земени предвид сите околности што влијаат на износот на паричната казна, а изречената парична казна се смета за соодветна на тежината на повредата и нејзините последици“.

– Луѓето ја сакаат градината. Ние сакаме да спречиме отстранување на градината, и мојата жалба за случајот ќе оди во насока дека не се чувствувам виновен и дека нема да ја отстранам градината по секоја цена, бидејќи тоа е спротивно на моите верувања, вели Борис.

најчитани вести

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.

Спорт

Вардар е во големото финале на СЕХА – лигата!!! Oткако многумина ги прежалија, Ристовски е јунакот на Вардар, кој одбрани неколку супер топки и...