Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ЗАРАБОТИЛ МИЛИОН ДИНАРИ ГЛУМЕЈЌИ ЈА БРЕНА: ‘БЕШЕ ВИСКОК И ВИТОК КАКО НЕА’

Меѓу остантите значајни работи кој ја обележале кариерата на Лепа Брена секако се вбројува и филмот “Ајде да се сакаме“.

Во филмот стар повеќе од 33 години постои сцена во која пејачката скока во Неретва од стариот мост во Мостар, а повозрасните генерации се сеќаваат дека Брена не ја одиграла таа сцена односни имала дублер.

Станува збор за Јадранко Финк, кој за жал загинал во војната 1993 година, но неговиот брат Горан се присетил на споменатиот филм.

– Брена дојде со филмска екипа во Мостар каде останаа четири дена. Баш беше многу пријатна, иако уште тогаш беше голема ѕвезда. Режисерот Александар Ѓорѓевиќ го забележа мојот брат баш овде на мостот. Јадранко беше висок. По својата конституција одговараше за дублер на Брена. Беше висок и виток како неа. Режисерот му пријде на Јадранко и му даде понуда а тој веднаш ја прифати. Го подготвија како да е Лепа Брена и тој скокна. Мојот брат го изведе скокот, а Брена беше во плитко и исплива од водата како таа да скокнала.

– Му платија милион динари. Тогаш тоа беа четири пет плати. Кога би се претвориле во сегашна вредност тоа би биле околу 1.500 евра. Беше тоа невероватен хонорар а тој презадоволе. После тоа стана уште повеќе популарен. – заклучил братот на Јадранко.

најчитани вести

Свет

Пред малку нападнат Израел со 5 ракети од терористи од појасот Газа. 2 ракети го погодија Ашкелон, 1 кон Ашдод и 2 кон Тел...

Забава

Кралица на народна музика Лепа Лукиќ одлучила да напише тестамент и целата своја заштеда и имот да ја препише на својот внук Радисав. Сепак има...

Забава

Радмила Манојловиќ се појави на едно случување каде што се сретна со својата колешка Јелена Карлеуша и тој момент го овековечки со  заедничка фотографија....

Балкан

За Јосип Броз беа напишани многу песни, а една од најпознатите „Druže Tito ljubičice bela“, ја чинеше младата новинарка Жена Лебл две и пол години затвор...