Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ЕУ нема нема рокови АМА ИМА ЦРВЕНИ ЛИНИИ ЗА КОСОВСКОТО ПРАШАЊЕ

Специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот Белград-Приштина, Мирослав Лајчак оцени дека дијалогот за нормализирање на односите во моментов е најважното прашање на Балканот и најави дека ќе следи интензивирање на односите меѓу двете страни, јави Радио Слободна Европа (РСЕ).

– Двете страни разбираат дека дијалогот и нормализацијата не можат да се избегнат. Европа е на чело на тој процес од 2011 година, бидејќи и Србија и Косово имаат европска иднина. За нас е прашање на наши соседи и идни членки, а не некаква активност за ПР, рече Лајчак на 15-тиот Бледски стратешки форум во Словенија.

Тој исто така рече дека нема рокови во преговорите, бидејќи ако поставите рок, веќе имате нешто што може да влијае на процесот, но затоа постојат „црвени линии“ што ЕУ не сака да ги премине.

– Имаме црвени линии. Не е правилно да се каже дека што и да се согласат двете страни, во ред е за нас, бидејќи мојот мандат вели дека тоа што треба да го постигнам во процесот е нормализацијата на односите да биде во согласност со меѓународното право, за да биде прифатлива за членките на ЕУ и дека треба да ја смири ситуацијата во регионот, рече Лајчак.

Тој истакна дека Европа ќе прифати помош од која било трета страна, вклучително и од САД, доколку понуди конкретно решение и посочи дека неговите колеги од САД го информирале само за следната средба, која претставниците на Белград и Приштина треба да ја одржат на 4 септември во Белата куќа.

– Не сме консултирани за датумот или содржината на состанокот, само сме известени дека состанокот ќе се одржи и ќе биде од строго економски карактер, рече тој.

Последниот состанок на двете делегации се одржа на 27 август во Брисел. Заврши со проценка на претставниците на Србија и Косово дека процесот се уназадил, со меѓусебни обвинувања.

Според неофицијални информации од делегациите, експерти од Белград и Приштина на 6 септември повторно ќе се сретнат во Брисел, додека српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Авдулах Хоти повторно ќе се сретнат во европската престолнина во понеделник на 7 септември.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...