Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Досега 14.341 заразени и 603 починати од коронавирус – ДЕТАЛИ ЗА СОСТОЈБАТА ВО СЕКОЈА ОПШТИНА

MOSCOW, RUSSIA - MAY 13, 2020: An ambulance crew in protective gear seen outside the Novomoskovsky multipurpose medical centre for patients with suspected coronavirus infection. Vladimir Gerdo/TASS Ðîññèÿ. Ìîñêâà. Ñîòðóäíèêè ñêîðîé ïîìîùè íà òåððèòîðèè ìíîãîïðîôèëüíîãî ìåäèöèíñêîãî öåíòðà "Íîâîìîñêîâñêèé", êóäà ãîñïèòàëèçèðóþò ïàöèåíòîâ ñ êîðîíàâèðóñíîé èíôåêöèåé COVID-19. Âëàäèìèð Ãåðäî/ÒÀÑÑ

Големо намалување на бројот на новозаразени со Ковид-19 е регистрирано вчера кога по подолго време имаше само 11 нови случаи од направени 450 тестирања. Иако бројот на тестирања е помал, може да се забележи дека е релативно низок процентот на позитивни лица од тестирањето, односно оти тој е помал од три отсто. Помал број заболени беше регистриран и завчера, кога имаше 39 заболени од 817 тестирања.

Институтот за јавно здравје вчера регистрира 95 оздравени пациент и тоа најголем дел во Скопје-44, потоа во Штип-16, Прилеп-3, Велес-2, Кавадарци-4, Гостивар-2, Гевгелија-1, Струмица-2, Кочани-2, Пробиштип-1, Македонски Брод-2, Виница-3, Свети Николе-11, Кичево-1 и во Неготино-1.

Починати се три лица, пациент од Гостивар (51г), пациент од Прилеп (65г) и пациентка од Виница (78г). Сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341,  бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581.

Се уште најголем број активни случаи има во Скопје – 812, а во Ресен и во Крушево нема активни случаи. Од Скопските општини Чаир и натаму е со најголем број активни случаи – 104.

На Инфективната клиника биле примени тројца пациенти, со што вкупно се хоспитализирани 75 пациенти. На кислородна поддршка се 43, нема пациенти на механичка вентилација.

Во болницата во Козле се хоспитализирани 13 возрасни пациенти позитивни на Ковид-19, пет позитивни деца, три мајки и три деца суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се три нови, вкупно хоспитализирани се 39 пациенти. На респираторна машина е еден пациент. Во другите болници во земјава се хоспитализирани вкупно 181 пациент позитивни и сомнителни на Ковид-19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 14341,  бројката на оздравени пациенти е 11157, на починати е 603, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2581. Според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 5903, активни 812

• Куманово 1472, активни 379

• Дебар 252, активни 84

• Штип 1134, активни 132

• Прилеп 463, активни 111

• Тетово 1211, активни 164

• Струга 562, активни 60

• Велес 270, активни 29

• Битола 203, активни 39

• Охрид 337, активни 34

• Кавадарци 182, активни 76

• Гостивар 791, активни 236

• Гевгелија 52, активни 29 (7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 9 на Богданци)

• Струмица 65, активни 19

• Крива Паланка 47, активни 18

• Радовиш 42, активни 6

• Крушево 16, активни 0

• Кочани 145, активни 27

• Пробиштип 80, активни 13

• Демир Хисар 60, активни 16

• Македонски Брод 71, активни 16

• Пехчево 18, активни 12

• Берово 58, активни 49

• Валандово 9, активни 2

• Виница 71, активни 33

• Делчево 60, активни 51 (13 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)

• Кратово 19, активни 4

• Свети Николе 288, активни 53

• Кичево 269, активни 65

• Ресен 146, активни 0

• Неготино 45, активни 12 (10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Активни случаи по општини Скопје

• Чаир – 104

• Гази Баба – 99

• Аеродром – 99

• Карпош – 85

• Центар – 76

• Кисела Вода – 101

• Ѓорче Петров – 50

• Бутел – 58

• Шуто Оризари – 32

• Студеничани – 26

• Сарај – 25

• Арачиново – 1

• Илинден – 14

• Сопиште – 5

• Чучер Сандево – 4

• Петровец – 8

• Зелениково – 3

• Странец – 8

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.