Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ГРЦИЈА ЈА ПРОДОЛЖИ ЗАБРАНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА и граѓани од трети земји

Забраната за влез во Грција за државјани на трети земји, како и привремените ограничувања на копнените граници со Македонија, Албанија и Турција, од денеска се продолжени за уште две седмици, односно до 15 септември 2020 година, согласно двете министерски одлуки објавени во Службен весник на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.

Новото продолжување на постоечките мерки го најави владиниот портпарол Стелиос Пецас во четвртокот одговарајќи на прашањето на МИА, а официјално ги соопшти заменик- министерот за цвилна заштита на Грција Никос Хардаљас на редовната прес конференција во петокот.

Станува збор за двете министерски одлуки, кои во текот на летото се продолжуваа на секои две седмици.

Во однос на копнените граници, ограничувањата, „од превентивни причини за заштита на јавното здравје од дополнително ширење на коронавирусот Ковид-19 на грчка територија“ се за временскиот период од 1 до 15 септември 2020 година и се однесуваат патните и железничките поврзувања на Грција со Македонија, Албанија и на Турција.

За туристите и странските државјани за кои не постои забрана, дозволен е влез само преку Бугарија, односно преку граничниот премин Промахонас (Кулата) и само со негативен молекуларен тест за Ковид-19 направен 72 часа пред пристигнувањето.

Од останатите гранични премини што се отворени, односно Какавија и Кристалопиги кон Албанија, Евзони (Богородица) кон Македонија, Нимфеа кон Бугарија и Кипи кон Турција, влезот во Грција е дозволен само за одредени категории и исто така со негативен ПЦР тест.

Овие гранични премини се отворени од 7 часот наутро до 23 часот, а забраната не важи за грчки државјани, за лица кои имаат дозвола за престој и лица кои живеат во Грција, за влез на лица со апсолутно неопходни професионални или медицински причини за кои имаат и потребни документи, како и за транзит на болнички возила кои од Косово преку Македонија влегуваат во Грција за хоспитализирање на пациенти кои припаѓаат на дипломатскиот, воениот или административниот персонал на земјите членки на ЕУ и EULEX на Косово.

Втората министерска одлука се однесува на забраната за влез во Грција на државјани на трети земји, со исклучок на државјаните на Австралија, Грузија, Канада, Јапонија, Нов Зеланд, Руанда, Јужна Кореја, Тајланд, Тунис, Уругвај и Обединетите Арапски Емирати.

Исто така, исклучок се и одредени категории граѓани, како што се медицинскиот персонал и здравствените работници, оние кои имаат дозвола за престој во земја членка на ЕУ или земја од Шенген зоната, членови на владини мисии, дипломати, превозници, возачи на камиони што пренесуваат стоки, транзит патници, студенти, лица кои се грижат за стари лица и лица со инвалидитет, како сезонски земјоделски работници.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...