Полицијата на италијанскиот остров Капри уапсила Хрват, кој лажно се претставувал како дипломат. Тој бил приведен откако била покрената истрага заради неплатени сметки за престој во луксузен хотел и изнајмување брод за крстарење.
31-годишниот Хрват од претходно и бил познат на полицијата, а 10 дена престојувал во луксузен хотел на островот Капри каде посетувал барови и ресторани, изнајмил брод и си крстарел, пишува Ла Стампа.
Но, летувањето му го прекинале карабињрите кои го уапсиле за измама и лажни изјави за иднетитетот. Како што наведува италијанскиот весник кога пристигнале карабињрите, тој продолжил лажно да се претставува, а имал и нервозен став, па и бил навреден од нивното присуство. При пријавувањето во хотелот „дипломатот“ дал фалсификуван документ, а кога требало да ја плати сметката ги известил дека е веќе договорен трансфер од 10 000 евра. На ист начин го изнајмил и бродот за што сметката изнесувала 4 500 евра.