Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

Анабела за односот со Ѓоле Џогани: ТОЈ Е БЕЗНАДЕЖНО ВЉУБЕН ВО МЕНЕ

Анабела Атијас проговори за нејзиниот однос со Ѓоле Џогани и откри детали од семејниот однос.

Откако Анабела се огласи на „Инстаграм“ и истакна Ѓоле да се откаже од долгот кој Гаги го има кон него и тогаш ќе има за прехранување на децата, во емисијата проговори без влакна на јазикот.

Јавно се расправа за мојот живот, брак, моите деца. Нека се јави на Нина и Луна и нека се расправа со нив. Мојот имот е на името на Луна додека нивниот брат тајно купува станови на име на неговите сестри. Ако тие ги кријат становите од Нина и Луна, за да детето на тетката добие стан, а тоа има свој татко, зарем и двете не треба да добијат стан? Се што заработив со Гаги и по него, планирам да го оставам на своите деца. Станот го заработив и го оставив на Луна. Тој се расправа со мене како станот да останал на мене, па дури сум останала должна на Гаги? Една личност кажа дека е заљубен во мене, мислам дека безнадежно е заљубен во мене, изјави Анабела.

Ja прокоментира и Весна со која се „препукава“ на социјалните мрежи уште во „Задруга 3“.

Мене ми е пример од каде дојде Весна и како успеа. Јас знам дека Слаѓа и подаде рака и даваше да јаде, ја чуваше со своите деца, јас тоа го гледав. Сите знаеме што Весна правеше кај Слаѓа во куќата бидејќи денес е сопруга на Ѓоле. И они се нашле да ја осудуваат Луна, изјави Атијас.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Предмалку изби пожар во Зегин на Партизанска во Центар, две возила на пожарна се обидуваат да го стават под контрола.