Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Агенцијата за национална безбедност АНБ, одбележува една година од формирањето(видео)

Со отпочнување на работата на Агенцијата за национална безбедност беше направен последниот чекор за безбедносна реформа во државата, откако претходно со препораките од Прибе, беше формирана и Оперативно техничката агенција ОТА, кажа Заев.

–  Целиот овој пакет, заедно со реформите и со затворање на деценсиките отворени прашања со соседите, ни го отвори патот за членство во НАТО и ЕУ. Во изминатитот едногодишен период беа направени значајни чекори на институционално позиционирање на новиот безбедносен субјект Национална агенција за безбедност. Сега имаме Агенција што работи целосно во согласност со Уставот и законските рами, како што и доликува на земја членка на НАТО, изјави Заев.

Директорот на Агенцијата, Виктор Димовски, во своето обраќање порача дека една година од основањето е направен целосен дисконтинуитет од минатото и целосниот капацитет на Агенцијата е ставен исклучиво во заштита на државата и граѓаните.

– Беа преземени чекори за кадровско доекипирање со преземање на кадри од МВР и други институции, како и селекција на нови кадри од најдобрите факултети. Беа направени обуки и за вработените и отпочната интензивна соработка со останатите агенции. Со членството, Агенцијата стана дел од оперативно безбедносниот систем на НАТО, изјави Димовски.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...