Connect with us

Hi, what are you looking for?

Спорт

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ОЛЕСНУВАЊЕ: РФМ ја укина котизацијата за Супер-лига и го превзема трошкот за Ковид-тестовите

Ракометната федерација на Македонија и натаму продолжува да биде вистински поддржувач на клубовите. Во време на пандемија коронавирус кога речиси сите се соочуваат со финансиски проблеми, а сакаат да бидат на спортската сцена, потребна е помош. Истата доаѓа од РФМ, клубовите денеска добија известување во кое се вели дека котизацијата за оваа сезона е укината, и дека тесотивте за Ковид-19 ќе „паднат“ на товар на федерацијата.

Во целост ви ги пренесуваме одлуките на ОУ на РФМ.

-Се задолжува Комесарот за натпреварување г-дин Славе Николов во кординација со учесниците во системот на натпревари да го моделираат календарот согласно предлогот од медицинскиот партнер 8ми септември за сезона 2020/21 (во прилог дописот од ЈЗУ 8ми септември) ;

-Врска задолжителното тестирање на учесниците во системот на натпревари за детекција на вирусот Сарс2 Ковид – 19 согласно протоколот усвоен трошоците за тестирање ќе бидат на товар на РФМ, тестирањето ке се врши во ЈЗУ 8ми септември ;

-Обврската која произлегува од протоколот за заштита и превенција (Сл. Весник на РСМ број 208 од 26.08.2020 година) за задолжителна изјава (во прилог – изјава) обврска за секој учесник да ја пополни пред почетокот на националното првенство сезона 2020/21 и да именува ковид-координатор од страна на клубот најдоцна до 03.09.2020 г. и да се достави во електронска форма на [email protected] ;

-Согласно дописот добиен од Генерален координативен кризен штаб при Влада на Република Северна Македонија (во прилог) каде се задолжува РФМ да врши засилени редовни и вонредни надзори за примена и спроведување на протоколот. Именувани се следните лица за надзор : 1. Славе Николов (координатор) 2. Камер Металари 3. Левче Китевски 4. Гино Стрезовски.

-Се укинува котизацијата за клубовите учесници во Супер Лига за натпреварувачка сезона 2020/21 ;

sportmedia.mk

најчитани вести

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Свет

Петнаесет азиско-пацифички земји формираа најголем трговски сојуз во светот. Тоа се случи под покровителство на Кина и без учество на Соединетите држави, кои ги...

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...