Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ДЕНЕС ИЗЛЕГУВААТ НА ПРОТЕСТ!

Средношколскиот сојуз денеска попладне ќе протестира за учебната година на 1 октомври да почне веднаш со комбиниран модел на настава, а не онлајн, во општините кои немаат многу заразени со коронавирусот.

Претседателот на Сојузот Бленди Ходаи за МИА изјави дека протестот ќе го почнат во 17.30 часот пред Министерството за образование и наука и оттаму ќе продолжат кон Владата пред која ќе имаат обраќања.

Рече дека нема да бараат прием зашто Влаата е запозната со нивните барања и веќе имаа средба со владини претставници, но дека оваа недела очекуваат средба со новата министерка за образование и наука Мила Царовска.

На протестот покрај средношколци од ограноците на Сојузот низ државата, ќе им се придружат и наставници и родители, а поддршка, како што рече Ходаи, имаат и од Првата детска амбасада „Меѓаши“

Иницијаторите на протестот се против наставата да почне онлајн во сите средни училишта, како што е планирано, туку со комбиниран модел односно ротирање на средношколците во класовите на секои два дена (следење на наставата онлајн и физичко присуство) и пристапот да не биде централизиран, туку секоја општина да организира модел според епидемиолошката состојба односно број на заразени.

Пред десетина дена претставници на Сојузот имаа средба во Владата, а беа и на состанок со Комисијата за заразни болести на кој, како што рече Ходаи, им било сугерирано дека е побезбедно наставата да ја почнат онлајн, а потоа состојбата ќе се мониторира и во зависност од тоа моделот ќе се менува.

-Ние сакаме децентрализиран пристап, а не една одлука за сите. На пример во Тетово, од каде што сум јас, има многу заразени со КОВИД-19, не треба да се оди во школо и треба ригорозна онлајн-настава. Но ако е некој од Охрид, Ресен или Струга каде што нема многу заразени секој ден, треба да се оди во школо. Не да сме базирани што има Скопје, Куманово или Тетово, додаде претседателот на Средношколскиот сојуз. (MИА)

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...