Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

Со презентација на сведоците од обвинителството, ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „МОНСТРУМ“

Со презентација на сведоци од обвинителство денеска во Кривичниот суд Скопје продолжува судскиот процес за случајот „Монструм“.

На последното рочиште исказ даде началник на одделението за увид на место на настан при Министерството за внатрешни работи. Неговото сведочење траеше кратко и беше поврзано со претходен исказ на сведок по однос на пронаоѓањето на автомобилот „опел омега“ за кое во обвинението се вели дека е користено од страна на обвинитетите кои го извршиле убиството на 12 април кај Смилковско Езеро.

Во оваа прилика сведокот прецизираше дека само слушнал од негов старешина дека е пронајдено возило во местото Враживир, но оти никогаш не го видел.

За убиството на момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски во април 2012 година обвинети се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ (во бегство) и Агим Исмаиловиќ, Фејзи и Хаки Азири и Сами Љута.

Судењето за овој предмет го водат судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, додека обвинението го застапуваат обвинителите Фатиме Фетаи и Гаврил Бубевски.

најчитани вести

Забава

ОВЕН Работа: Под голем стрес сте на работа. Не само што имате проблеми за реализација на плановите, туку добивате лоши вести за финансиите. Љубов:...

Забава

Сансевиерија е цвеќе кое не бара многу грижа – се пресадува на секои 2 до 3 години во малку поголема саксија Почвата треба да...

Свет

Петнаесет азиско-пацифички земји формираа најголем трговски сојуз во светот. Тоа се случи под покровителство на Кина и без учество на Соединетите држави, кои ги...

Македонија

Комисијата за заразни болести денеска одржа состанок на кој не се предложени нови рестриктивни мерки за заштита од Ковид-19, потврдија за МИА од Министерството...