Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

ОРБАН: ЕВРОПА Е ВО НЕВОЛЈА

Европа е „во неволја“, бидејќи сè уште не успеа да го дефинира своето ново место во глобалната економија, рече унгарскиот премиер на меѓународниот форум за надворешна политика во Блед, Словенија.

– Европа тешко сфаќа дека за разлика од САД и Кина не е во состојба фундаментално да ги менува правилата на играта, изјави Виктор Орбан на 15-тиот годишен стратешки форум во Блед.

Форумот во Блед, во северо-западна Словенија, е голем настан за надворешна политика што ги обединува шефовите на држави и влади и министрите за надворешни работи на неколку држави. Главните теми оваа година се предизвиците и можностите со кои се соочува Европа во пресрет на пандемијата на коронавирусот и Брегзит.

– Причината за ова е што Европа сè уште нема заедничка армија поддржана од центри за наука и иновации кои би можеле да послужат како мотори на технолошкиот напредок, рече тој.

– Нашата сегашна состојба и последици кои не чекаат треба да бидат јасно дефинирани, рече Орбан.

Тој истакна дека унгарската политичка сцена е битка за интелектуалниот суверенитет

– Политичката сцена на Унгарија се карактеризира со битка за интелектуален суверенитет, рече премиерот Виктор Орбан во Блед, додавајќи дека неговата влада се бори да го спроведе својот христијанско-демократски и конзервативен пристап кон демократијата против либералните погледи.

– Ние се бориме за да можат европските институции и политиката да бидат видени од повеќе од една гледна точка и да можеме да имаме дебати за идеи како семејство, нација, културни традиции, религија и миграција“, рече Орбан и додаде дека унгарската демократија е добра исто како и германската или италијанската демократија и е во согласност со европските барања.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...