Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

На денешен ден пред 23 години загина принцезата Дијана

Летото 1997 година се помни по трагичната загуба на принцезата Дијана Спенсер. Ноќта на 31 август светот дозна за предвремената смрт на „принцезата на народот“, како што ја нарекуваа. Имаше 36 години.

Автомобилската несреќа на мостот „Алма“ во Париз, во којашто погина и нејзиниот партнер Доди Ал-Фајед, сѐ уште е обвиткана од мистерии и теории на заговор. Но, и 23 години подоцна, паметта за неа сѐ уште е жива, особено во кажувањата на нејзините два сина – британските принцови Вилијам и Хари.

Врската меѓу браќата не е во своите најдобри мигови, како што вели Хари, но тие ги занемарија своите несогласувања и одлучија да ѝ оддадат почит на мајка сѝ. По повод таа роденден на 1 јули следната 2021 година, кога Лејди Ди би наполнила 60 години, тие ќе откријат статуа. Таа ќе биде поставена пред дворецот Кенсингтон, каде што принцот Хари и Меган Маркл јавно ја објавија својата свршувачка.

Во 2017 година беше снимен и документарен филм со наслов „Дијана, нашата мајка: живот и наследство“.

„Направете добро, не очекувајќи ништо за возврат, оти еден ден некој може да го стори и за вас” – гласи една од најпознатите изјави на принцезата Дијана. Вилијам и Хари не еднаш нагласиле дека и за нив, тоа е една од најинспиративните крилатици – спомен од нивната мајка. (MИА)

најчитани вести

Македонија

Пред малку до медиа.мк стигна информација од граѓани кои велат дека околу полноќ на Партизанска во Центар во близина на аптеката Зегин имало истрели...

Забава

Атрактивната романска манекенка и актерка моментално ужива во љубовна врска со синот на богат италијански бизнисмен. Пред тоа? Пред неколку години, романската манекенка Мадалина Генеа...

Забава

НЕКОИ работи се повторуваат одново и одново во разни филмови, но во реалноста многу ретко. И ова е особено точно кога станува збор за...

Забава

Светски познатата пејачка Ерика Баду изненади многумина кога на Twitter објави дека е позитивна и негативна на тестот за вирусот корона. Ерика направи брз...