Connect with us

Hi, what are you looking for?

Свет

Ким Јонг Ун ја убил сопствената сестра?! Вест која го обиколи светот

Локацијата на сестрата на Ким Јонг Ун останува мистерија, додека се погласни се шпекулациите дека нејзиниот „брат“, кој е познат по егзекуцијата на неговите ривали, ја „решил“.

Ким Јо Јонг се шпекулира дека ја презема контролата врз Северна Кореја откако нејзиниот брат исчезна од очите на јавноста. Се шпекулираше дека е тешко болен, па дури и починал.

Сепак, сега е наведено дека Ким Јо Јонг исчезна и дека ја нема повеќе од еден месец, пренесува британски „The Sun“.

Пред неколку дена низ целиот свет се појави веста дека Ким Јонг Ун е во кома и дека моќта треба да помине на неговата сестра.

Верната сестра на Ким стана се повеќе видлива за јавноста во последните неколку години и се веруваше дека таа е втората најмоќна личност во Северна Кореја.

Сепак, одеднаш, во јавноста почнаа да се појавуваат фотографии од мистериозниот лидер на земјата, во кои тој изгледа здраво. Го видовме на наводна средба со членови на партијата, но и на поле со пченка откако помина тајфунот.

Од друга страна, медиумите пренесуваат дека неговата сестра не била видена во јавноста од 27 јули, а многумина се сомневаат дека таа паднала во рацете на нејзиниот брат, кој е познат по егзекуцијата на неговите ривали.

Имено, чичкото на Ким, Јанг Сонг-Таек беше осуден на смрт и стрелан во 2013 година, а пред тоа беше опишан како де факто лидер кога почина таткото на Ким, Ким Јонг Ил.

Непотврдени извештаи објавија дека неговото семејство ја претрпело истата судбина откако Ким решил да ги расчисти сметките со ривалите.

Да потсетиме, сестрата на Ким Јонг Ун го придружуваше својот брат на важни настани во последните неколку години, како што е самитот меѓу САД и Северна Кореја во 2018 година во Сингапур.

Таа исто така беше првиот висок функционер што патуваше во Јужна Кореја за Зимските олимписки игри во 2018 година.

Медиумите објавија дека таа стои зад неодамнешното лансирање на Канцеларијата за врски меѓу двете Кореи.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...