Connect with us

Hi, what are you looking for?

Забава

ДНЕВЕН ХОРОСКОП: Лавот да внимава со тајните, А ШКОРПИЈАТА ДА ГИ ЧЕКА СВОИТЕ 5 МИНУТИ

ОВЕН

Имате денеска добар работен ден. Што и да земете да работите, ќе ви оди добро. Затоа добро искористете го денот.  Без поголеми промени на љубовното поле. Стабилно здравје, но чувствувате некои потешкотии.

БИК

Многу напнат, стресен и натрупан ден ве чека. Сепак, вие не би биле овој знак за така лесно да се откажете и да истерате се до крај, и да покажете дека може да се носите. Ако имате партнер, може ќе имате ситни караници, а ако сте слободни, ќе морате да почекате уште некое време за да запознаете личност која вистински ќе ве привлече. Добро здравје.

БЛИЗНАЦИ

Опуштете се. Сезоната на одмори поминува, а вие како сега да сакате да одморате. И сторете го тоа. Не сакате да се занимавате со оваа тема, бидејќи сметате дека многу пати сте изневерени. Ќе бидете концентрирани на некои руги теми. Ќе немате тежок ден.

РАК

И покрај лошите индикатори, вашата работа не е лоша. Пробајте нешто да направите со вишокот на пари. Ќе ви се појави некој клучен, па подгответе се на време. Чувствувате малку повеќе елан од претходниот период. Чувајте се од остри предмети.

ЛАВ

Обидот да доминирате не ви поаѓа од рака. Мора да бидете доволно концентрирани на она што го работите за да ги завршите активностите. Не е се во личниот ангажман. Дел од вашите емоции сте ги „фрлиле низ прозор“. Внимавајте кому издавате тајни. Главоболка.

ДЕВИЦА

Активни сте и премногу, и немате намера да се вклучите во се што ќе ви биде понудено од другите. Бидете поотворени кон своите обврски и навреме ќе ги решите. Ги зголемувате своите емоции кон една личност во знакот на Риби. Но, подготовете се за непријатни изненадувања. Јадете помалку слатки.

ВАГА

И покрај лошите аспекти, успевате да ги донесете во ред вашите активности. Нема да изостанувате со својата работа со останатите колеги. Она што е важно на полето на емоции за вас е дека може да се очекува нешто позитивно ако сте вљубиле во една личност во знак на Рак. Внимавајте во сообраќајот.

ШКОРПИЈА

Премногу се наметнувате. Морате да ја спуштите топката и да ги чекате своите пет минути. Некој сака да ви помогне. Ако сте се вљубиле во Бик, не очајувајте ако таа личност ве одбие. Имате шанси и со други да решите многу работи околу емотивниот план. Психички проблеми.

СТРЕЛЕЦ

Ако сте еден од оние кои бараат работа, не очајувајте, и натаму конкурсот не е завршен. Пробајте да го добиете она што го сакате. Не сте лошо расположени, но планетите ви се лошо распределени. Се чувствувате уморно.

ЈАРЕЦ

Ако се занимавате со приватна работа, имате проблеми со финансиите, и тоа треба да го поправите. Премногу очекувате од личност на која често мислите, но може и малку да се разочарате. Чувствувате силен емотивен притисок.

ВОДОЛИЈА

Поставувате услови на својата работа како кај себе, така и кај соработниците. Важна ви е концентрацијата и фокусот на она што го работите. Не сте сами, но фигуративно сте далеку од саканата личност. Внимавајте на имунитетот.

РИБИ

Не е се во парите, има нешто и во вашиот ангажман. Покажувате голема заинтересираност за заработувачка од обично. Ако барате партнер, поволен ден за запознавање на нова личност со која брзо ќе се зближите. Внимавајте на остри предмети.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...