13 C
Skopje
недела, април 18, 2021
spot_img

Во полициска акција уапсени тројца ТЕРОРИСТИ на ИСИС во Куманово, имале елеци за самоубиствени напади!

Во полициска акција разбиена е терористичка група во Куманово. МВР потврди дека во Куманово се приведени три лица, но засега не открива повеќе детали.

Телевизијата Канал 5, неофицијално јави  дека утрово полицијата извршила три претреси во Куманово и еден во Скопје и привела тројца кумановци- припадници на ИСИС, кои порано се бореле на боиштата во Сирија, а подолг период се вратени во Македонија со цел регрутирање на нови кадри, но и изведување на напади за потребите на оваа терористичка организација.

Според телевизијата, тие набавиле огромна количина оружје и воена опрема. Полицијата пронашла автоматски пушки и друго оружје, експлозив, елеци за самоубиствени напади, знамиња на ИСИС.

Извор: Канал 5

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести