“Чест ми е што вчера одиграв улога во набљудувањето на демократскиот процес во Црна Гора како дел од активностите за набљудување на изборите на Амбасадата на САД. Како пријател, партнер и сојузник на Црна Гора, американската влада ја поддржа набљудувачката мисија ЕНЕМО”, рече американскиот амбасадор Џуди Рајзниг Рајнке.
Им честитаме на граѓаните на Црна Гора на мирните избори со дури 76 проценти излезност, и покрај коронавирусот, соопшти американската амбасада.
Тие ги поздравија заклучоците од ОДИХР и ОБСЕ.