Она што веќе неколку дена се најавуваше, од пред неколку часа е и официјално. Милан преку својот твитер потврди дека Златан Ибрахимовиќ ќе го носи дресот на „росо-нерите“ и во следната 2020/2021 сезона. Секако дека тоа е причина за радост на фановите на фудбалскиот гигант од Милано, а италијанските медиуми пишуваат дека годишната плата на Златан ќе изнесува 6 милиони евра, тука не се пресметани разните бонуси, со што оваа сума може да порасне на 7 милиони евра.
Инаку Швеѓанецот во Милан дојде во јануари оваа година, одигра 20 натпревари, постигна 11 голови а запиша и 5 асистенции.
“Јас сум среќен. На крај добро е што можам да се вратам таму каде што се чувствувам како дома. Сега мораме да продолжиме да работиме таму каде што застанавме“ изјави Ибрахимовиќ по следувањето на аеродромот во Милано и додаде:
„И претходно имаме кажано: Не дојдов тука за да хидам маскота, тука за добри резултати, да го вратам Милан онаму каде што му е местото. Имавме добри шест месеци, но уште ништо не освоивме“.