11 C
Skopje
четврток, април 15, 2021
spot_img

“ТРАМП ЌЕ ПОБЕДИ и на наредните избори“

Режисерот на документарни филмови Мајкл Мур предупреди дека американскиот претседател Доналд Трамп е на пат да ја повтори победата од 2016 година.

Мур беше еден од ретките политички набљудувачи кој ја предвиде победата на Трамп над Хилари Клинтон пред четири години, пренесува „Гардијан“.

“Дали сте подготвени Трамп да победи? Дали сте ментално подготвени Трамп да ве надмудри повторно? Дали вашата утеха е сигурност дека Трамп не може да победи?” објави Мур на Фејсбук доцна во петокот.

Да потсетиме, тој ја предвиде победата на Доналд Трамп пред четири години, иако анкетите и дадоа предност на Клинтон до 14 проценти. Врз основа на анкети на јавното мислење во Минесота и Мичиген, тој сфати дека сегашниот претседател има предност пред ривалот eо Бајден.

„Бајден штотуку објави дека ќе посети повеќе држави – но не и Мичиген. Звучи познато“, Истакна Мур, наведувајќи дека Хилари Клинтон ја повторила истата грешка, избегнувајќи одредени држави, кои тогаш го поддржувале Трамп.

“Не дозволувајте демократите да се ослободат од Трамп. Мора да се ослободите од Трамп. Во следните 67 дена, ние мора да се будиме секој ден и да се осигураме дека секој од нас ќе најде 100 луѓе за да гласаат. ДЕЈСТВУВАЈТЕ СЕГА!”

Изборот на републиканскиот кандидат Доналд Трамп ќе биде најголемата грешка во историјата, а обичните Американци ќе се чувствуваат добро, рече режисерот при презентирање на својот нов филм „Мајкл Мур во Трампленд“ во 2016 година.

“Трамп им кажува на луѓето работи што ги повредуваат. Затоа секој прегазен, заборавен, безимен пијан кој беше дел од таканаречената средна класа го сака Доналд”, објасни Мур, кој беше поддржувач на Берни Сандерс.

Мајкл Мур е познат американски режисер и активист. Тој се прослави со филмовите  “Bowling for Columbine”и “Fahrenheit 9/11”, за терористичките напади во Њујорк на 11 септември 2001 година.

Читај Следно

10,348FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести