Научници од Колеџот на универзитетот во Лондон успеале да постават нов рекорд за најголема брзина на интернет сигнал во светот.
Во прашање е брзина на сигнал од 178.000 Gbps (178 Tbps). Да добро прочитавте. Како за споредба, центри на податоци со оптички влакна кои моментално ги имаме се во состојба да пренесуваат податоци со брзина од 35 Tbps.
Овој подвиг го направила екипа истражувачи кои ја предводела Лидија Галдино, а брзината е на пример, доволна да ги преземе се од Netfliksa наеднаш, за помалку од секунда.
Тоа е исто така скоро четири пати поголема брзина од предходниот рекорд (44,2 Tbps), кои го поставиле научници од Австралија.
Како што научниците објасниле, користени се многу пошироки бранови должини од оние кои се користени во постоечките системи со оптички вланка и опсегот на спектрот е огромн 16,8 THz.
На пример, најновиот комерцијален опсег изнесува 9 THz кој само што стигна.